Ова веќе губи смисла – одложени уште три меча во Евролигата

Евролигата никако не може да комплетира цело натпреварувачко коло, откако денеска беше објавено дека се одложуваат три натпревари од петтата рунда од елитното европско клупско нањтпревару вање.

Средбите Зенит – Олимпија Милано и Ефес – Асвел се одложени бидејќи рускиот и францускиот клуб немаат осум здрави кошаркари, бројка што е неопходна за одржување н натпреварите.

Згора на тоа, во наредните денови нема да се одигра ниту мечот меѓу Алба и Басконија, откако германскиот клуб објави шест нови случаи на коронавирус, по што сите членови на Алба беа ставени во самоизолација.

 

Се вчитува...