Овации од „Максимир“ за Адеми кој повторно заигра за Динамо

Динамо Загреб го победи тимот на Славен Белупо со 3-0 во осмото коло во хрватскиот шампионат. На овој натпревар својот „кам-бек“ во дресот на „модрите“ го имаше Аријан Адеми кој заигра после неговото враќање во таборот на хрватскиот првак од Кина.

Тој доби шанса да заигра во 84. минута, а притоа доби овации од „Максимир“ за неговото враќање, со што ја покажа лојалноста кон клубот каде ја мина речиси цела кариера.

На натпреварот со Славен цел натпревар одигра и Стефан Ристовски на десната бековска позиција.

Се вчитува...