Овации за Перо Антиќ во Истанбул: Навивачите на Фенербахче не го забораваат… (ВИДЕО)

Перо Антиќ не го заборава својот поранешен клуб Фенербахче… Но, ниту Фенербахче и неговите навивачи не го забораваат Перо Антиќ.

Македонскиот кошаркар денеска е во Истанбул каде во моментов го следи натпреварот од Евролигата меѓу Фенер и Реал Мадрид.

Пред почетокот на дуелот Антиќ со овации беше пречекан од навивачите на Фенербахче, клубот каде остави силна трага.

„Добредојде во својот дом, Перо“ – истакна и официјалниот спикер на натпреварот, потенцирајќи го присуството на македонскиот кошаркар на трибините.

Токму со Антиќ во составот, тимот на Жељко Обрадовиќ стигна и до првата своја титула во Евролигата….

 

Се вчитува...