Овечкин ќе ја предводи „зборнаја“ на Светското првенство во хокеј

Еден од најдобрите хокеари во светот, Александер Овечкин ќе ја предвоид Русија на Светското првенство кое од 10. до 26. мај ќе се одржи во Словачка.

Покрај Овечкин дел од репрезентацијата ќе бидат и неговите соиграчи од Вашингтон Капиталс, кој беше елиминиран во НХЛ лигата, Евгени Кузњецов и Дмитри Орлов, а дресот на „зборнаја“ ќе го носи и ѕвездата на Торонто, Никита Зајцев.

Актуелниот олимписки шампион на претстојното Светско првенство ќе игра во групата Б, заедно со репрезентациите на Шведска, Чешка, Швајцарија, Норвешка, Летонија, Австрија и Италија. Четирите првопласирани репрезентации ќе изборат место во четвртфиналето.

Се вчитува...