Озил: Го напуштив фудбалот за да најдам мир

Некогашниот германски репрезентативец Месут Озил, зборуваше за неговото повлекување од фудбалот. Екс играчот од средниот ред кој играше во Реал Мадрид и Арсенал, ја заврши својата кариера во Турција, во тимот на Башакшехир.

Тој кажа дека сакал да ја заврши кариерата во Фенербахче, што било негова најголема желба, но бил спречен во намерата.

„Го напуштив фудбалот за да најдам мир. Доста беше од тие напорни подготовки, од секојдневни патувања, режими. Тоа воопшто не е лесно. “, рече Озил.

„Кога дојдов во Фенербахче, имав намера таму да ја  завршам кариерата, но не ми дозволија“, изјави поранешниот германски репрезентативец.

Озил во последно време на социјалните мрежи објавува фотографии од тоа како вежба со тегови.

Се вчитува...