Озил: Нема да дозволам да ме избркаат

Месут Озил инсистира дека нема да дозволи да биде исфрлен од Арсенал до крајот од активниот договор кој истекува следната сезона и покрај тоа што не одигра ниту една минута во ре-стартот од Премиер-лигата. Поранешниот германски репрезентативец добива плата од 350 000 илјади фунти неделно и беше најгласен во одбивањето на намалување плата за време на принудната пауза поради пандемијата на корнавирусот.

Тој тврди дека не е единствнеиот играч од клубот кој одбил помала плата, но дека другите кои се бунале ги убедил менаџерот Микел Артета кој тврдел дека финасиската ситуација на Арсенал е лоша. Планот на клубот беше платата на Озил да биде намалена за 12,5 проценти. Во интервју за „The Athletic“, Озил вели дека одредени луѓе две години работат на тоа да го уништат пред очите на јавноста.

Артера кој реши да не му дава воопшто шанса на Озил во продолжението од сезоната тврди дека ваквата одлука се должи строго на фудбалски причини и дека не е поврзана со серијата медиумски напади на Озил поврзани со неговата реалција со турскиот претседател на Реџеп Таип Ердоган ниту пак со одбивањето на намалена плата.

 

Се вчитува...