Озил уште еднаш ја покажа својата лојалност: Кариерата ќе ја завршам во Фенербахче!

Екс-репрезентативецот на Германија, Месут Озил кој е исклучен од првиот тим на Фенербахче изјави дека не планира да оди во друг клуб и дека ќе стави крај на кариерата во „жолто-црниот“ клуб од Истанбул.

Озил дојде во редовите на Фенербахче во јануари 2021 година.

„Ја остварив целта со тоа што потпишав договор на 3,5 години со Фенербахче, мојата детска љубов и без да добијам плата во првите шест месеци. Нема да ја завршам кариерата во друг клуб. Додека имам договор ќе останам во Фенербахче. Мојата љубов кон Фенер е посилна од се. Значи не одам никаде ќе ја завршам кариерата овде“, изјави Озил кој претходно играше за Арсенал и за Шалке.

По ваквата изјава Озил стави крај на шпекулациите дека ќе продолжи во Мексико (Несакса), во МЛС лигата или во Индонезија.

Се вчитува...