Озил: Венгер ни беше како татко!

Месут Озил ги поминува најтешките денови во кариерата откако цела сезона Микел Артета не смета на неговите услуги. Тој говореше за времето во Арсенал кога се уште на клупата беше легендарниот Арсен Венгер кој сите фудбалери го чувствувале како татко.

Договорот на германскиот репрезентативец истекува на крајот од сезонава и тој сигурно ќе си замине од Арсенал, но не крие дека жали што Венгер не остана на чело на екипата.

„Беше неверојатен тренер. Да, тој ми беше како татко, но не само на мене, туку сите така го чувствуваа. Мислам дека на многу луѓе во Арсенал им недостига“, изјави Озил. 

Венгер беше на чело на Арсенал во периодот од 1996 до 2018 година. Тој со „топчиите“ освои три шампионски титули во Премиер-лигата, а седум пати го освојуваше ФА купот.

Се вчитува...