Пораката што ги налути навивачите на Австралија опен

Организаторите на Австралија опен се најдоа на удар од бројни критики од навивачите поради пораката што беше објавена, па потоа избришана од официјалниот твитер профил на турнирот.

„Натерани сме да издржиме осум долги години. Но, можеби, сега на чекањето му дојде крај“ – стоеше во спорниот твит што беше објавен со фотографија на Роџер Федерер и на Рафаел Надал.

Со пораката се алудира на последното финале што го одиграа швајцарскиот и шпанскиот тенисер во Мелбурн во 2009 година. Навивачите тоа го сфатија како непочитување кон другите тенисери и кон некои големи мечеви што беа одиграни на австралискиот гранслем во меѓувреме.  Бројните критики ги натераа луѓето што го уредуваат твитер профилот на Австралија опен да ја избришат пораката, но реакциите и понатаму не стивнуваат.

Федерер обезбеди пласман во неделното финале на Австралија опен, со победата против Станислав Вавринка. Вториот финалист ќе биде победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Gligor D

twitter AO

Се вчитува...