ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев
Поранешниот репрезентативен голман Томе Пачовски, кој долго време живее и работи во Белгија, за ЕКИПА направи анализа околку вечерашниот натпревар во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.
Добро ја познава домашната селекција, но и македонскиот национален тим, и знае кои се слабите страни кои мора вечерва во Гент да се искористат. Тој смета дека овој дуел ќе биде судир на два различни менталитети, и смета дека Македонија има шанси за нерешен резултат, со кој ќе се доближи до првото место.
„Како поранешен репрезентативец на Македонија, но и жител на Белгија, за мене овој натпревар е од посебно значење. Вечерва во Гент нема да гледаме само фудбал, туку судар на два различни менталитети, и борба з првата позиција во групата. Притисокот е на страната на Белгија. Имаат одлични индивидуалци, но и бавна одбрана која нашите играчи треба да ја искористат“, смета Томе Пачовски.
Некогашниот репрезентативен голман ја пофали работата на селекторот Благоја Милевски, и вели дека тимот е сега компактен и борбен.
„Нашата репрезентација под водство на селекторот Милевски создаде компактен и борбен колектив. Тоа што сме лидери не групата не е случајност, туку доказ за нашата силна ментална и физичка борбеност на теренот. Моето предвидување е нерешен резултат што би не доближило уште повеќе до првото место, и настап на Светско првенство. Можби ќе биде тешко, но Македонија знае да ги изненади фаворитите“, рече Пачовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

