Падна договор: Милик потпишува за Рома

Рома победи во многу значајна трка откако „волчицата“ успеа да го осигура потписот на Аркадиуш Милик. Потешкиот дел од задачата беше да се договорат личните услови со фудбалерот, кој беше договорен со Маурицио Сари за Јувентус, но плановите се сменија откако дојде до тренерска смена во „старата дама“. Милик имаше на маса понуди и од Тотенхем и од Атлетико Мадрид, но на крајот се реши да ја прифати понудата на „волчицата“ за плата од пет милиони евра плус бонуси.

Сега останува уште челниците на Рома да ја договорат отштетата со Наполи, но преговорите се наоѓаат во напредна фаза и се очекува да биде постигнат договор за сума од 20 милиони евра, плус дополнителни пет милиони преку неколку клаузули. Доаѓањето на полскиот голгетер ќе значи и зелено светло за заминување на Един Џеко, кој летово беше поврзуван со Јувентус, а не се исклучува ниту понуда на Интер за ангажман на босанскиот репрезентативец.

Воедно, Рома е во завршна фаза од преговорите за ангажман на Мараш Кумбула, централниот дефанзивец на Верона кој ќе пристигна на едногодишна позајмица на „Олимпико“.

Се вчитува...