Падна договор: Меси ќе зема плата и доколку си замине

Раководството на Барселона и играчите конечно постигнаа договор за намалување на платите. По трите понуди на масата, фудбалерите се согласија за оваа последната со која за 122 милиони ќе се намалат платите само за оваа сезона.

Притоа, ѕвездите на каталонскиот клуб нема да „простуваат“, туку разлика од оваа сума ќе биде репрограмирана во наредите четири години, без разлика на тоа дали истекува договорот со играч на клубот. Тоа значи дека доколку Лео Меси го напушти шпанскиот клуб следното лето, Барселона во период од четири години, ќе мора да му ја исплати разликата од она што ќе го заработи сезонава, до договорот од вкупно 100 милиони евра бруто плата.

Како потсетување, овој фудбалски великан беше еден од финансиски најпогодените клубови во Европа од пандемијата со коронавирус, при што каталонците мораа да продаваат играчи за мала сума, а притоа и да испраќаат играчи на позајмица како би се ослободиле од големите плати.

 

Се вчитува...