Падна и Брентфорд, Јунајтед ќе игра во ЛШ следната сезона

Манчестер јунајтед во следната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на Шампионите откако „црвените ѓаволи“ уште повеќе се зацврстија на третото место на табелата по вечерашниот триумф над Брентфорд од 2-1.

Иако настапија без неколку стандардни првотимци, фудбалерите на Мајкл Керик стигнаа до трите бода благодарение на одличното прво полувреме во кое поведоа со 2-0 со головите на Кашемиро и на Шешко. Мора да се истакне и дека гостите имаа три убави шанси преку својот најдобар стрелец Тијаго, но Бразилецот не успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим на „Олд Трафорд“.

Манчестер потоа знаеше како да го исконтролира мечот во второто полувреме, Брентфорд постигна почесен погодок преку Јенсен во 87. минута, но домаќините заслужено стигнаа до цел плен на овој значаен дуел.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...