Паднал договор: Герет Бејл се враќа во Тотенхем како позајмен играч за оваа сезона

Велшкиот интернационалец Герет Бејл го напушта Реал Мадрид и се враќа во Тотенхем. Тој како позајмен играч оваа сезона ќе настапува во дресот на англискиот премиерлигаш и ќе заработува 13 милиони фунти по сезона. Дел од платата ќе ја исплаќа и „кралскиот клуб“. Ова е договорот што доцна синоќа го постигнале раководствата на Реал Мадрид и на Тотенхем. Преговорите продолжуваат и за други фудбалери, па можно е Деле Али да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен играч за оваа сезона, а Сехио Регуилон да направи комплетен трансфер во Тотенхем за сума од 30 милиони евра.

Герет Бејл подолг период е незадоволен во тимот на Реал Мадрид и не е во добри односи со тренерот Зинедин Зидан. И покрај тоа, минатата сезона настапи на 20 натпревари, постигна три гола и забележа две асистенции. Тој во 2013 година од Тотенхем дојде во Реал Мадрид.

Се вчитува...