Падот на Дончиќ ги преплаши навивачите, неговите 43 поени недоволни за победа

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одново имаше одлична партија зад себе, но тоа не му помогна на Далас да дојде до победа над ЛА Клиперс. Клиперси на крајот го добија мечот со 113-101.

Дончиќ против Клиперси уфрли 43 поени, имаше и 11 скокови и седум асистенции, но и еден страшен пад во текот на третата четвртина кога заврши во вториот ред во публика откако се обиде да спаси една топка. Успеа во тоа и доживеа страшемн пад, но брзо се подигна, и после тој пад постигна дури 25 поени.

Во драматичен меч, кошаркарите на Портланд ја продолжија серијата на порази, и загубија од Орландо (119-116). Средбата беше решена во финишот кога Портланд не искористи последен напад да израмни (имаше три поени негатива), откако Грант два пати и еднаш Нуркиќ не успеаја да погодат дури три обиди за тројка.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Детроит 147-116
Торонто – Шарлот 132-120
Мајами – Оклахома 112-111
Јута – Кливленд 116-114
Портланд – Орландо 106-109
Голден Стејт – Феникс 113-125
ЛА Клиперс – Далас 113-101

Се вчитува...