Пако Лопез го доби првиот отказ оваа сезона во Ла Лига – Леванте и Барди бараат нов тренер

Тренерот на Леванте, Пако Лопез утрово и официјално е отпуштен, откако тимот почна катастрофално во новата сезона на Ла Лига. Тоа значи дека тимот на нашиот репрезентативец Енис Барди наскоро ќе назначи нов предводник.

Леванте загуби од Мајорка со 1-0 во саботата и се најде на незавидното 18-то место на табелата со само 4 освоени бода по осум одиграни натпревари. Тимот дефинитивно го краси катастрофална игра, а за ова сведочи и фактот дека се уште нема победа оваа сезона.

Инаку, 54-годишниот Лопез е првиот тренер во шпанската елита што доби отказ оваа сезона.

Се вчитува...