Пал Дардаи го напушта кормилото на Херта

Легендата на германскиот бундеслигаш Херта, Пал Дардаи, ќе ја напушти тренерската позиција во клубот на крајот од сезоната. Унгарецот цели 22 години е дел од клубот и понудено му е да остане и да се префрли во младинската академија, од каде што во 2015 година беше прекомандуван за шеф на стручниот штаб.

„Потребен ни е нов стимул и на лето ќе биде назначен нов тренер на сениорскиот тим. Пал Дардаи е клупска легенда и тој секако ќе остане дел од нашето семејство“, изјави генералниот менаџер на Херта, Михаел Прец.

Пал Дардаи дојде во Херта во далечната 1997 година, играше до 2011 година, а потоа стартуваше и тренерска кариера во младите категории на клубот.

Се вчитува...