Паласио: Ова беше победа за Михајловиќ, и за никого друг…

Болоња приреди големо изненадување победувајќи ја Рома со 2-3 во 23. коло од Серија А.

По мечот напаѓачот на Болоња, Родриго Паласио изјави дека оваа победа била за нивниот тренер Синиша Михајловиќ, и за никого друг.

Српскиот тренер веќе неколку месеци се бори со леукемаијата, но синоќа најде сили да го води својот тим од клупата, што донесе дополнителен мотив за неговите фудбалери.

„Одигравме одличен натпревар против силен тим. Докажавме дека може да играме против големи екипи и само треба да продолжиме во овој ритам. Михајловиќ беше на клупата и не бодреше, што ни даде дополнителен ветар во грб. Се чувствува разлика кога тој е тука со нас, и оваа победа е само за него“ – истакна по мечот Паласио.

Се вчитува...