Палермо пред „згаснување“, следи распродажба…Несторовски и Трајковски?!

Италијанскиот клуб Палермо испадна од Серија А, но се чини дека тоа и не се најголемите проблеми за овој клуб од Сицилија, чии членови се македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски. Италијанското обвинителство отпочна истрага за финансиската состојба на Палермо, по што на крајот овој клуб би можел да биде приморан да објави и банкрот.

Најблизок таков случај е некогашниот прволигаш Парма, кој исто така мораше да објави банкрот и да отпочне со натпреварување од најнизок ранг.

Според италијанските медиуми, Палермо има финансиска „дупка“ од околу 120 милиони евра, па прашање е дали новиот сопственик, американскиот бизнисмен Пол Бакалини, ќе може да ја издржи и да ја санира оваа состојба. Најверојатно ќе мора да следи и продажбата на најдобрите фудбалери, а меѓу нив се и Несторовски и Трајковски.

Се вчитува...