Панатинаикос се закити со трофејот во Купот на Грција откако „зелено-белите“ пок голема битка славеа над лутиот ривал Олимпијакос со 79-75. Како што е тоа вообичаено за пресметките на големите грчки ривали, дербито изобилуваше со тензија, но и добри кошаркарски потези, а на крајот пресуди фуриозниот финиш на актуелниот европски првак.
Имено, Олимпијакос направи серија од 11-0 и поведе со 75-71, имаше и напад во кој Фурние не погоди тројка, по што следеше фуриозна завршница на ПАО. Кендрик Нан беше херојот со тројка што ја лансираше серијата од девет поени до самиот крај со што тимот предводен од Ергин Атаман стигна до трофејот.
Ова беше вкупно 21. куп-пехар за Панатинаикос, прв по пауза од четири години, а најзаслужни за големата победа беа Слукас и Нан со по 17 поени. На спротивната страна, најефикасни во таборот на Олимпијакос беа Везенков со 17 и Фурние со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА