„Панатинаикос има премногу проблеми кои Атаман не може да ги реши“

Некогашниот евролигашки великан Панатинаикос ова лето направи драстична промена за подобра иднина. На клупата на „зелените“ седна Ергин Атаман кој го предводеше Ефес до две шампионски титули во најсилното европско кошаркарско првенство, но доскорешниот кошаркар на атинскиот клуб, Дерик Вилијамс смета дека турскиот стратег нема да биде доволен за успех.

Откако и официјално Панатинаикос се раздели со Американецот тој на социјалната мрежа „Твитер“ објави олеснувачка порака пишувајќи дека тоа е најдобриот ден во последните месеци, а оттаму навлезе и во дебата со навивачи.

Кошаркарот кој претходната сезона беше еден од најдобрите во тимот со просек од 12.4 поени верува дека организацијата има премногу проблеми кои не се лесни за менаџирање.

„Ќе кажам дека клубот има многу проблеми кои мислам дека Атаман не може да ги реши, и покрај тоа што е еден од најдобрите тренери. Ако го направи тоа тогаш му ја симнувам капата“, стои во коментарот на Вилијамс.

Се вчитува...