Панатинаикос ја доби грчко-турската пресметка со Фенербахче

Панатинаикос дојде и до втората победа во четвртиот свој натпревар од новата сезона во Евролигата, триумфирајќи во Атина во грчко-турската пресметка против Фенербахче со 82-68.

Уште во првата четвртина Грците најавија дека атакуваат на победа, добивајќи го првиот период од играта со 22-13. Се во продолжението беше само рутина одржувајќи ја предноста и дополнително зголемувајќи ја со нова одлична игра во последната четвртина за конечна победа од 14 поени разлика.

Панатинаикос до победата го носеше Немања Недовиќ со 28 поени. Во поразениот тим се издвоија Лоренцо Браун со 17 поени и Ахмет Дувериоглу со 15 поени.

Се вчитува...