Рик Питино на клупата на Панатинаикос по отказот за Чави Пасквал

Чави Пасквал повеќе не е тренер на грчкиот кошаркарски шампион Панатинаикос. По тешкиот пораз во Мадрид, раководството на клубот се одлучи да му врачи отказ на шпанскиот стратег.

Панатинаикос сезонава се мачи со формата. Во моментов е бодовно далеку под можноста за четвртфинале во Евролигата. Од поодамна се шпекулираше со тренерска смена, за да по поразот од Реал Мадрид истата и се реализира.

Помошниот тренер Јоргос Воворас ќе ја води екипата во следното коло од Евролигата против Олимпија Милано. Чави Пасквал во Панатинаикос беше од 2016 година каде дојде од Барселона.

На клупата на грчкиот тим се очекува да седне легендарниот американски тренер Рик Питино.

Се вчитува...