Панатинаикос немаше сили до крај да и се спротистави на Барселона

Кошаркарите на Барселона дојдоа и до 11-та победа во Евролигата, славејќи со 79-68 во 18. коло пред своите навивачи против грчки Панатинаикос.

Каталонскиот тим во текот на целата средба го диктираше ритамот постојано контролирајќи ја играта и резултатот. Гостите во првите три период одржуваа мала негатива надевајќи се на изненадување во финишот, но Барселона токму последната четвртина ја одигра најдобро за сосема заслужена победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Томас Хертел со 23 поени, а 14 поени постигна Кевин Серафин. Кај поразените се издвои Јоанис Папапетру со 17 постигнати поени.

Победа запиша и Баерн во дуелот со Милано од 93-87, како и Басконија од 83-66 против Гран Канарија. Претходно, црногорскиот Будуќност стигна и до четвртата победа во Евролигата, овој пат 75-74 против Дарушафака.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...