Панатинаикос се мачеше но победи, Баерн го „реши“ Жалгирис

Кошаркарите на Панатинаикос, иако потешко од очекувањата, стигнаа до шестата победа во Евролигата славејќи против „фенерџијата“ Дарушафака Истанбул со 75-67.

Панатинаикос одигра одлично прво полувреме кое го доби со 11 поени предност (43-32), но во третиот период гостите одигра извонредно комплетно анулирајќи ја предноста на домашните. Во ист стил кошаркарите на Дурашафака продолжија и во последната четвртина носејќи го натпревар кон неизвесна завршница. На крајот, сепак, Грците сосема заслужено стигнаа до победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Констатинос Митоглу со 20 поени, дополнети и со шест скока, а Џејмс Гист запиша 15 поени. Кај гостите се издвои Тони Даглас со 15 постигнати поени.

Баерн Минхен, пак, на домашен терен славеше против Жалгирис во крајно неизвесен натпревар со 88-84.

Најдобар кај Баерн Минхен беше Дерик Вилијамс со 26 поени и седум скока. Кај Жалгирис не помогна ниту одличната партија на Брендон Дејвис кој мечот го заврши со 21 поен, шест скока и четири асистенции.

И за Германците ова беше шестта победа, наспроти и шест порази. Жалгирис пак го запиша и седмиот пораз во 12. коло.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...