Панчев: Да не се растуреше Југославија ќе бевме шампиони и во 1992 и во 1993 година

Најдобриот фудбалер на Македонија во 20. век, Дарко Панчев во интервју за српските медиуми говореше за својата кариера, но и за периодот поминат во Црвена Звезда.

Панчев го постигна победничкиот пенал во финалето против Марсеј во Лигата на шампионите во 1991 година, а како што вели самиот да не се распаднела Југославија, тие ќе биле шампиони и следните две сезони.

„Повторно ќе бевме шампиони на Европа.Ако не во 1992 година, тогаш во 1993 година, затоа што, да немаше санкции, многумина од нас ќе останеа во Звезда. Сè уште ќе бевме силни“, изјави Панчев.

Се вчитува...