Панчев: Да сум малку помлад па повторно да му дадам некој гол на Динамо Загреб

Црвена Звезда и Динамо Загреб би можеле да се сретнат во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, потестувајќи на некогаш едно од најголемите дерби натпревари на просторите на поранешна СФРЈ.

Иако најпрво треба да ги минат Шериф Тираспол, односно Легија, откако по првите мечеви и двете екипи имаат 1-1, сите посакуваат голем фудбалски спектакл меѓу Белград и Загреб.

Околу евентуалната пресметка меѓу Црвена Звезда и Динамо Загреб со став и Дарко Панчев кој фудбалски се прослави токму во дресот на „црвено-белите“.

„Многу ми е жал што не сум помлад па да им помогнам на Станковиќ и Терзиќ, бидејќи на Динамо редовно му давав голови, и во дресот на Звезда и во дресот на Вардар. Од најголемите клубови во поранешна Југославија, на Динамо му давав најмногу голови. Мислам дека на последниот натпревар со Звезда постигнав два гола против Динамо. Тоа беа времиња во кои се мислеше само на фудбал, а би сакал пак да биде тоа случај и сега“ – вели Панчев во интервју за српски „Информер“.

Панчев постигна два гола за Црвена Звезда на последниот натпревар со Динамо Загрев во поранешна Југославија, 18. мај 1991 година. Динамо славеше со 3-2…

„Динамо во последните 15 години е доминантен на овие простори, нои Црвена Звезда е фантастична изминатите неколку години. Она што е најважно е фактот дека Црвена Звезда секогаш ќе биде онаа голема Звезда и ќе мора секој да ја почитува. Квалитетот е тука некаде, но јас секако верувам дека Звезда ќе мине понатаму“ – дополнува Панчев чии симпатии сосема очекувано се кај Црвена Звезда.

Се вчитува...