Пандев беше стартер, Џенова загуби дома од Аталанта

Џенова доживеа нов пораз на домашен терен, откако загуби со 1-2 од Аталанта. Не помогна ниту македонскиот интернационалец Горан Пандев кој беше стартер на овој натпревар и играше до 77.минута, кога на негово место во игра влезе Стефан Омеонга. Пандев имаше неколку шанси, но не успеа да се запише меѓу стрелците.

Бертолачи уште во четвртата минута го доведе тимот на Џенова во водство, но тоа не беше доволно за да се освојат бодови. Јосип Иличиќ го израмни резултатот пред самиот крај на првиот дел, а Андреа Масиело во 52.минута постигна победнички погодок за Аталанта. Џенова немаше сили за втор гол на овој натпревар и доживеа пораз по кој со 13 бода се наоѓа на 16.позиција на табелата во Серија А.

Се вчитува...