Пандев даде гол, но загуби од Несторовски

Удинезе славеше со 1-3 на гостувањето против Џенова, во македонската пресметка во која и Горан Пандев и Илија Несторовски се најдоа во стартните постави на своите екипи. Шок-терапијата со смената на Игор Тудор дефинитивно вроди со плод кај Удинезе, гостите одиграа квалитетен меч и стигнаа до значајни три бода, прекинувајќи ја серијата слаби резултати.

Пандев одигра одличен меч и го донесе својот тим во водство, но Џенова го намали темпото по тој погодок и плати за таквиот однос. Де Пол со фантастичен удар од дваесет метри го израмни резултатот, а пресвртот беше комплетиран во самиот финиш, кога Сема со прецизен удар го матираше домашниот голман. Ласања во судиското продолжение ги постави конечните 1-3.

Несторовски остана на теренот до 71. минута, се покажа во добро светло, но не искористи две убави шанси да го постигне својот прв калчолигашки погодок за „фриулијаните“.

Резултати Италија:

Џенова – Удинезе 1-3, Верона – Бреша 2-1, Лече – Сасуоло 2-2.

Се вчитува...