Пандев доби шанса од почеток, Џенова конечно победи

Смената на тренерот Јуриќ се покажа среќна за Горан Пандев и за Џенова, бидејќи под водство на новиот стратег Давиде Балардини оваа екипа конечно успеа да триумфира во Серија А, славејќи со 0-1 на гостувањето против Кротоне за радост на Пандев и соиграчите по пауза од повеќе од еден месец.

Македонскиот ас ја доби довербата на новиот стратег и се најде во стартниот тим, прикажувајќи одлична игра до 60. минута, кога Балардини се реши за малку подефанзивна тактика и го повлече Пандев. Капитенот на нашата репрезентација беше меѓу најзабележителните на теренот, создаде неколку шанси за соиграчите и покажа дека и во иднина треба сериозно да се смета на неговата помош во битката за опстанок.

Стрелец на единствениот погодок при денешната победа беше Ригони во 11. минута.

Се вчитува...