Пандев еден од 57 Балканци кои во новата сезона ќе играат во Серија А

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ќе биде еден од 57 фудбалери кои доаѓаат од поранешните ју-простори а кои ќе играат престојнава сезона во италијанската Серија А.

Следниот викенд стартува новата сезона во Калчото, која по се изгледа ќе биде далеку повеќе следена од годините претходно. Причината секако лежи и во фактор дека Јувентус ова лето го купи Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, па мечевите на „Старата дама“ ќе бидат следени под „посебна лупа“.

Интересно е и дека 57 фудбалери од поранешна СФРЈ ќе играат во Серија А. Со најголем број претставници ќе биде Хрватска (20), Србија е со 19 фудбалер а Словенија со девет фудбалери. БиХ има пет фудбалери, Црна Гора со двајца и Горан Пандев како наш единствен претставник најсилната италијанска лига.

Во Лацио има дури седум фудбалери од поранешните ју-простори, а единствен клуб во кој ќе нема од Балканот е Болоња.

Се вчитува...