Пандев го прослави големиот јубилеј – 400 средби во „Серија А“

Горан Пандев денеска прослави фантастичен јубилеј – настапувајќи на својот вкупно 400. натпревар во рамките од „Серија А“. Македонскиот ас не се најде меѓу стартерите на Џенова на натпреварот против Фросиноне, но откако нападот на овој тим не функционираше според очекувањата тренерот Прандели го внесе Пандев на теренот на самиот почеток од второто полувреме.

Македонецот би требало да донесе свежина во играта на својот тим, уште повеќе ако се знае дека Џенова има играч повеќе на теренот по исклучувањето на Касата во 34. минута.

Пандев уште од тинејџерска возраст настапува во Италија, откако од Беласица потпиша договор со Интер. Тој низ кариерата покрај за „нероаѕурите“ настапуваше и за Специја, Анкона, Наполи, Лацио и Џенова, а надвор од Апенинскиот полуостров има само една неуспешна сезона во Турција, како член на Галатасарај.

Се вчитува...