Пандев и Ангеловски гласаа за победникот, но го „заборавија“ Роналдо

Горан Пандев и Игор Ангеловски како капитен и селектор на македонската репрезентација беа дел од гласањето за “The Best” наградите на ФИФА. Роберт Левандовски вечерва беше избран за најдобар светски фудбалер за 2020 година, а полскиот ас се нашол на врвот на листата за гласање и на Пандев и на Ангеловски.

Македонскиот капитен го наградил Левандовски со пет бода за извонредната сезона во дресот на Баерн, Пандев потоа му дал три бода на Килијан Мбапе од ПСЖ, а еден на Кевин де Бруине од Манчестер Сити.

Интересно е што и Пандев и Ангеловски не му дале ниту еден бод на Кристијано Роналдо. Македонскиот селектор исто така му доделил пет бода на Левандовски, три на Лионел Меси, а трет на листата на Ангеловски е асот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Се вчитува...