Пандев има нов соиграч: Џузепе Роси во Џенова до крајот на сезоната

Италијанскиот калчолигаш Џенова го ангажираше Џузепе Роси како слободен играч. Eкс-репрезентативецот на Италија стави потпис на договор кој важи до крајот на тековната сезона.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Вилјареал летово доби отказ од Фиорентина, откако лани доживеа сериозна повреда на коленото додека беше на позајмица во Селта Виго.

За италијанската репрезентација постигна седум погодоци на 29 натпревари, но последениот негов настап во дресот на „азурите“ беше во 2014 година. Минатата сезона во шпанското првенство четири пати се запиша во листата на стрелци, играјќи за Селта на 18 натпревари, додека забележа седум настапи и еден гол во Лигата на Европа.

 

Се вчитува...