Пандев ќе слави јубилеј – 400 натпревари во „Серија А“

Горан Пандев оваа седмица доби италијанско државјанство, а македонскиот ас би требало да добие и „подарок“ од тренерот Чезаре Прандели – првотимски статус на следниот меч против Фросиноне. Македонецот влегуваше од клупата за резерви на последните средби, но се очекува викендов да се појави меѓу првите единаесетмина на Џенова, што воедно ќе претставува и негов јубилеен – меч број 400 во „Серија А“.

„Да бидам искрен, бев возбуден што добивам италијанско државјанство. Долги години сум во оваа земја, живеам со моето семејство и чувството беше прекрасно. Исто така, мило ми е што стигнувам до бројката од 400 натпревари во елитното италијанско фудбалско друштво“ – истакнува Пандев.

Џенова се наоѓа во серија од пет натпревари без пораз во Калчо-лигата.

Многу е важно таа серија да продолжи, да победиме против Џенова и уште повеќе да се зацврстиме во сигурната зона, да си го осигураме опстанокот што поскоро. Нема да ни биде лесно, но играме добро во последно време и посакувам да продолжиме во ист ритам и против Фросиноне“ – оптимист е Горан Пандев.

Се вчитува...