„Пандев Куп 2020“ – Трето издание на најмасовниот детски турнир

Еден од најголемите меѓународни фудбалски турнири за млади категории, „Пандев Куп 2020“ ќе го има третото издание. Од 5. до 8.март во Струмица, Турново и во Дојран ќе продефилираат повеќе од 1200 млади фудбалери, над 70 екипи од пет држави, а ќе бидат одиграни повеќе од 150 натпревари.

Поддржани од најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, градот Струмица и од Фудбалската федерација на Македонија, организаторите, а пред се публиката, ќе имаат можност да посведочат на одлични натпревари и уште поголема дружба меѓу учесниците.

Меѓу нив се младите екипи на Партизан (Србија), ЦСКА Софија (Бугарија), како и најдобрите од нашата земја, Работнички, Пелистер, Победа, Академија Пандев…

Одредени се групите за турнирот во сите возрасни категории.

Се вчитува...