Џенова ја чека тешка битка за опстанокот во Серија А, по новиот пораз овој пат пред своите навивачи и од Рома со 1-3 (1-2).
„Волчицата“ победата ја најави со двата погодоци уште во првото полувреме. Најпрво резултатот го отвори Ундер уште во 6. минута, а Рома поведе и со 0-2 со автоголот на Бераски во 44. минута.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во 45. минута одлично реагираше по една длабочинска топка за 1-2. Но, тоа беше се што можеше да направи Џенова.
Голот на гранде #Pandev за Џенова против Рома за 1:2 pic.twitter.com/is09SF8O1a
— Footbla (@FootblaDigital) January 19, 2020
Рома во вториот дел рутински ја чуваше предноста, зголемувајќи и на 1-3 со голот на Един Џеко во 75. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА