Пандев не требаше да се гушка со соиграчите, вресна италијански министер

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев премногу се гушкал со соиграчите при радоста кога постигна гол на „Сан Сиро“ во вчерашниот триумф (1-2) против Милан. Ова го потенцираше италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора откако во Италија има паничен страв од коронавирусот кој полека го обзема и спортот.

„Фудбалот поставува лош пример. Изливот на емоции на Пандев, прегрнувањето со соиграчи е најдобар доказ за тоа. За жал, во ваква ситуација мораме да носиме одлуки кои ќе делуваат заштитнички за здравјето на Италијанците“, изјави италијанскиот министер за спорт. Тој ги повика фудбалерите да ги лимитираат меѓусебните контакти.

Натпреварите во Серија А се играат без присуство на гледачи, а постои можност дури и за стопирање на шампионатот за одреден период.

Се вчитува...