Пандев: Ова е голем момент за мене, 18 години историја!

Италијанската фудбалска јавност денеска одбележува со Горан Пандев и неговиот јубилеј – 400 настапи во Серија А.

Пред 18 години од струмичка Беласица, благодарение на легендарниот Ванчо Таковски, како голобрадо момче се пресели во милански Интер и од тогаш секој ден на Апенините пишуваше историја – се до денешниот 400 официјален натпревар.

„Ова е навистина голем момент за мене. Се чувствувам навистина прекрасно кога ќе се потсетам на сите оние незаборавни денови минати во италијанскиот фудбал. Дојдов пред 18 години тука и навистина не знав со својата младост во што вистински се впуштам. Но, на крајот кога се ќе се сумира пресреќен сум со се што постигнав, сите тие освоени трофеи и сите тие феноменални денови и со Интер, и со Лацио, и со Наполи и сега со Џенова“ – изјави Пандев по денешниот натпревар во Серија А.

А, Горан Пандев овој март го очекува и нов јубилеј. Македонската фудбалска јавност веќе на мартовскот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 во Скопје против Летонија го очекува неговиот 100-ти настап во националниот дрес.

Се вчитува...