Пандев принудно заменет поради повреда, следат детални прегледи

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев поради повреда беше принудно заменет на полувремето од пријателскиот натпревар против Азербејџан. Селекторот Игор Ангеловски по средбата информираше дека следат детални прегледи за најдобриот македонски репрезентативец по што ќе биде позната тежината на повредата.

„Пандев на полувремето самиот побара замена поради повреда. Искрено се надевам дека не е ништо сериозно и по враќањето во Италија веднаш ќе биде на располагање на стручниот штаб на Џенова. Секако хендикеп беше за нас во вториот дел отсуството на Пандев, но добро беше што имавме можност да видиме како би функционирале на терен и без него“ – ни изјави Ангеловски.

Се вчитува...