Пандев: Репрезентацијата на Македонија е голема фамилија, најважен гол во кариерата тој против Грузија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев во интервју за „Ал џезира Балкан“ говореше за историскиот успех и пласманот на „црвено-жолтите“ на Европското првенство. Тој вели дека фудбалерите предводени од Игор Ангеловски се една голема фамилија, а и покрај големиот број освоени титули најважен гол во кариерата му е тој против Грузија во баражот.

„Селекторот Ангеловски направи неверојатна работа овие пет години. Знаевме дека преку Лига Д можеме до големо натпреварување. Првпат завршивме како трети во еден квалификациски циклус. Едноставно ние во репрезентацијата сме една голема фамилија затоа знаев дека резултатите ќе дојдат. Клучен фактор за пласманот на ЕВРО е континуитетот во овие пет години, како и тоа што луѓето од ФФМ ни ги пружија сите услови за работа. Покажавме дека имаме квалитет бидејќи и кога играме лошо знаеме да победиме. Голот со Грузија ми е најважен во кариерата. За 20 години во репрезентацијата се случуваа и лоши работи, имаше и проблеми. Во еден момент престанав да играм за Македонија. Кога Ангеловски стана селектор, дојде кај мене во Џенова каде разговаравме, ми го кажа неговот мислење и јас одлучив да се вратам во репрезентацијата“, вели Пандев.

Македонија на Европското првенство кое ќе се игра во јуни следната година ќе ги одмери силите со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина.

Се вчитува...