Пандев: Сакам да ја завршам кариерата во Џенова

Горан Пандев е подготвен да ги отфрли богатите понуди што ги доби од Кина и од Катар за да остане во Италија до крајот на сезонава. Договорот што македонскиот ас го има во Џенова истекува до крајот на сезонава, но Пандев не ја крие желбата да остане во овој клуб до завршувањето на кариерата.

Тој подолго време беше игнориран од тренерите Јуриќ и Прандели, но при влегувањето во игра на дербито со Лацио македонскиот голгетер беше поздравен со овации од домашните навивачи.

„Секогаш сум имал одличен однос со навивачите, но не очекував толку гласен поздрав. Тоа само го потврдува она што го чувствувам, дека сум горд што сум член на Џенова и сакам да останам овде до крајот на кариерата. Против Лацио покажавме и квалитет и карактер, се надевам дека ќе го потврдиме тоа и на наредните натпревари“ – истакна Пандев.

Се вчитува...