Пандев: Со Македонија на ЕП, тоа е мојот идеален крај на кариерата!

Горан Пандев ќе продолжи да го носи дресот на Македонија и во следната натпреварувачка сезона, се со цел да биде максимално подготвен за бараж дуелите со Косово, за обезбедување на место на ЕП 2020. Пандев по завршувањето на Лигата на Нации не даде конкретен одговор околу продолжувањето на репрезентативната кариера, но нашиот најдобар фудбалер во интервју за „Газета дело спорт“ јасно става до знаење дека и во наредниот период ќе ги брани боите на Македонија.

Македонскиот ас во последно време добива минимална минутажа во Џенова, но тоа не го поколебува во остварувањето на зацртаните цели, една од нив поврзана токму со нашиот национален тим.

За периодот што следи имам три желби – првата е да обезбедам опстанок со Џенова, по можност мирно и без многу тензија кон крајот на сезоната. Втората желба ми е да играм уште една година. По можност тоа да биде во Џенова, но ако тоа не се случи тогаш ќе си најдам нов клуб. И третата желба – да победиме во баражот со Косово и да се пласираме на Европското Првенство што ќе се игра во 2020 година. Со Македонија на ЕП, тоа би бил мојот идеален крај на кариерата“ – истакна Пандев за „Газета дело спорт“.

Се вчитува...