Пандев со порака: Сите да се обединиме, за сонот на нацијата

Како што се приближува историскиот натпревар со Грузија, така расте и емотивниот набој меѓу нашите фудбалери, свесни за значењето на натпреварот што на програмата е в четврток со почеток во 18 часот.

Вечерва со порака преку профилот на инстаграм се јави капитенот Горан Пандев, кој побара целата нација да се обедини на патот до овој голем успех.

„113 натпревари во повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости, понижувања, многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо… Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела нација. Во овие тешки времиња да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. Еден за сите, сите за еден… Да живее Македонија“, напиша Пандев.

Се вчитува...