Пандев: Среќен сум…, за победата, за јубилејот, за Елиф, за Езгијан!

Капитенот Горан Пандев дефинитивно не можеше да посака подобар начин за одбележување на својот 100-ти настап во репрезентативниот дрес.

Но, Пандев, онака капитенски потенцира дека е среќен и поради целокупната атмосфера која ја гледа во оваа репрезентација и поради иднината која е пред нас ете денеска покажана преку игрите на Елмас, Алиоски, Барди, Николов…

„Најважно е што го отворивме квалификацискиот циклус со победа. Многу значајни се трите бода, иако изгледа на прв поглед дека се лесно освоени. Среќен сум поради јубилејот, но среќен сум и поради Елиф и Езгијан. Имаме одличен тим и одиме во Словенија полни со оптимизам“ – ни изјави Пандев веднаш по дуелот со Летонците.

Се вчитува...