Пандев: Судењето беше смешно, но за нас е добро што ова отрезнување дојде токму во овој момент!

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Капитенот на македонската репрезентацијата Горан Пандев вели дека главниот судија од Шведска е еден од клучните виновници за поразот на Македонија од 4-0 на гостувањето против Ерменија.

Во секој случај, Пандев потенцира дека е добро што овој пораз, како отрезнување дошол токму во овој момент….

„Не ни беше свирнат чист пенал над Барди, а мислам дека имаше и уште еден над Трајковски. Но, како и да е и ние самите летнавме во облаци. Си го знаеме менталитетот кој е наш најголем противник во одредени моменти. Во секој случај, сигурен сум ќе го освоиме првото место во групата, и можеби е подобро што кикснавме денеска а не во полуфиналето од Лигата Д. Но, ќе кажам уште еднаш, судењето беше смешно. Не би коментирал повеќе“ – рече Пандев по завршувањето на мечот со Ерменија.

Се вчитува...