Пандев: Триумфот е наша цел, но да не се залажуваме дека ќе биде лесно

ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн

Никола Ѓуровски

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, верува во триумф на утрешниот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуз, но предупредува дека тој и соиграчите не смеат да се залажуваат дека трите бода ќе дојдат сами по себе. Ќе треба да се одигра максимално сериозно, и да се оправда фаворитската улога која Лихтенштајн сепак им ја довери на нашите репрезентативци.

„Триумфот е наша цел, и ќе сториме се за да освоиме три бода. Но, нема да биде лесно. Не прифаќам дека сме тотални фаворити, тоа веќе го нема во модерниот европски фудбал. Сите играат фудбал и сакаат да победат. Сепак, мислам дека квалитетот е на наша страна и се надевам дека овде во Вадуз ќе направиме една позитивна пресвртница во овие квалификации. Имавме добри игри и на минатите натпревари, но бодовите изостанаа. Сега е време да ги освоиме. Се надевам дека и јас ќе постигнам гол и дека ќе има многу голови на утрешниот меч“, изјави Горан Пандев.

Во овие моменти фудбалската репрезентација на Македонија го одработува официјалниот тренинг на стадионот „Рејнпарк“ во пресрет на утрешниот меч.

Се вчитува...