Пандев: Веќе подолго време се чувствувам како Италијанец

Горан Пандев не го криеше задоволството откако денеска и официјално доби италијанско државјанство, по долгогодишниот престој на Апенинскиот полуостров.

„Пресреќен сум, по речиси 18 години минати во Италија. Веќе подолго време се чувствувам како Италијанец, благодам на сите, за мене ова е прекрасен момент“ – изјави Пандев по кратката свеченост.

Пандев целокупната своја професионална фудбалска кариера ја мина во Италија, со исклучок на едногодишниот настап за турски Галатасарај, па согласно и позитивните законски регулативи на Италија денеска, по 15 години работен стаж на Апенините, официјално го доби статусот – државјанин на Италија.

Се вчитува...