Пандев за историја – осамен рекордер со 101 настап за македонската репрезентација (ФОТО)

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

По заокружувањето на јубилејниот 100-ти настап во дресот на македонската репрезентација на претходниот натпревар против Летонија во Скопје, капитенот Горан Пандев и официјално на „Стожице“ во Љубљана се запиша и дополнително во историјата на македонскиот фудбал како осамен рекордер по број на настапи.

Со стартот на мечот против Словенија, Горан Пандев го запиша 101-от настап во националниот дрес со што се издвои како единствен рекордер по број на настапи, сега пред Гоце Седлоски кој е со 100 репрезентативни натпревари.

Се вчитува...