„Пандевци“ без победник (1-1) против романски Клинчени

Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа (1-1) на денешнинот контролен натпревар против романски Клинчени.

Александар Мишов беше стрелец на единствениот гол за Академија Пандев.

За „пандевци“, како дел од подготовките за настапот во квалификациите за Лигата на Европа, преостануваат уште две пријателски натпревари, против Теута Драч во четврток (27. јуни) и против Витоша Бистрица во сабота (29. јуни).

Се вчитува...